X
 25.03.2015 Култура

Се собираат потписи за групна претставка за неуставноста на законите за хонорарците

Хонорарци, дали мислите дека новите закони за плаќање придонеси се добри? Доколку не мислите дека реформата е добар потег, приклучете се на илјадниците кои го мислат истото.


Организацијата „Ajde-Hajde“ ги поканува граѓаните од целата земја да се приклучат кон иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на новите членови од законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси, ЗРО, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и Законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување.

Кон иницијативата може да се приклучи секој полнолетен граѓанин и тоа секој работен ден од 9 до 16 часот, во периодот од 23 март до 6 април во:

1. Скопје: ГЕМ клуб (Менада), Стара скопска чаршија, ул. Караорман бб, тел. 02 322 4701;

2. Битола: Младински културен центар – Битола, ул. Цар Самоил 29, тел 047 233 020;

3. Кратово и Крива Паланка: Здружение Регионален центар за одрзлив развој, ул Гоце Делчев 24, тел 031 481 542;

4. Дебар: Центар за одржлив развој на заедницата, ул.Велко Влаховиќ бр.13, тел. 046/835-106;

5. Тетово: Младински образовен форум – Тетово, ул. Јане Сандански 48/1, тел. 078 220 801;

6. Штип: Фондација за развој на локалната заедница, ул. Сремски фронт бб (детска градинка „Сончогледи“, населба „Сењак“), тел. 032 383 116;

7. Прилеп: Здружение центар за стратегии и развој ПАКТИС, ул.Tрајко Сандански А2-1, тел. 078 815 251;

8. Струга: Центар на Заедницата на Општина Струга, ул. „Владо Малески “ б.б. ( зграда на министерство за одбрана), тел. 046 839 112;

9. Делчево: НВО КХАМ, ул. Маршал Тито 69 (стар пожарен дом), тел. 033 413 695;

10. Струмица: Центар на заедницата на општина Струмица ул. Благој Мучето бб, тел. 034 334 117

11. Куманово: Национален ромски центар, ул. Доне Божинов 11/5, тел. 031 427 558;

12. Берово: Здружение за промоција и заштита на прават на ромите - Roma Future, тел. 075 621 267;

13. Кавадарци: Проект ЕУ, тел. 070 236 461;

14. Кичево: НВО Месечина, ул. Маршал Тито 407, тел. 070 726 438;

Повеќе - ОВДЕ.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура