X
 26.03.2015 Образование

Не сум човек кој седи дома и само се жали дека нема работа


 
Мартина студира на Технолошко-металуршкиот факултет на насоката инженерство на материјали и нанотехнологии. Таа е млад научник кој уште во текот на студиите реди успеси во земјава и во светот. За себе вели дека би останала да работи и живее овде, ако државата знае да го препознае и цени нејзиниот труд.

Ф: Неодамна стана најмлад ментор на НАСА. Како се случи тоа и што всушност значи тоа?
М: За да бидеш ментор на N.A.S.A. Space Apps потребно е да имаш одредени квалификации, квалитети, знаења, достигнувања. Беше едноставно, на формата за апликација го доставив моето CV и по одреден период на селективност и филтрирање на пријавите добив повратен одговор дека сум примена. Не бев многу изненадена зошто вложувам во себе и сакам да го градам мојот академски квалитет но радоста беше неизмерна бидејќи знам колку можам да помогнам и придонесам. Иако зад себе имам само едно N.A.S.A. искуство на кое си заминав со победа, сметам дека научив многу и дека тоа знаење треба да го имаат идните генерации за да градиме што поуспешни тимови, а со тоа и решенија. Домаќин на настанот, во Скопје и уште 10 локации во Европа е NewMan's Business Accelerator. Во Македонија освен во Скопје ќе има паралелен хакатон и во Охрид, Тетово и Битола. Ова е навистина голем настан, најголем досега на нашите простори од ваков вид, и да си ментор токму во зеницата на истиот е навистина голема чест.



Ф: Пред неколку месеци ти и твојот тим победивте на НАСА space apps Macedonia. Kaкви други успеси имаше во изминатиот период?
М: Освен што се фокусирав на факултетот бев Online Support на Global Game Jam, организатор сум на Контакт - саемот за вработување, како и NGO SmartUp, каде што изработуваме многу интересни проекти. Исто така, мојот тим е примен на климатскиот предизвик на натпреварот „Oд тебе зависи“ каде што селекцијата дозволува само 28 тимови. Сметам дека имаме многу добра идеја и дека успешно ќе се реализираме и ќе придонесеме доста на истиот. Се надевам дека доколку успешно ја завршам колоквиумската недела, односно со онакви резултати какви што јас сакам да постигнам можеби ќе имам време да се пријавам на уште некој настан.

Ф: Дали планираш да останеш во Македонија по дипломирањето или во иднина себе се гледаш надвор од земјава?
М: Авантурист сум по природа и сакам да го „откривам“ светот. Сакам да запознавам нови култури и да го „опипам“ начинот на живот. И како таков човек би сакала да имам искуства и надвор од земјата. Но си ја сакам Македонија и доколку таа го цени мојот квалитет ќе сакам да придонесувам за неа.

Ф: Што мислиш за бизнис-климата во Македонија, колку е тешко или лесно еден млад човек овде да најде работа?
М: Јас не знам што е досада. Никогаш не сум седела празно и не сум се се досадувала. Секогаш сум била активна, и уште како малечка научив дека најдобро е да ги земеш работите во свои раце за да ја реализираш твојата идеа најдобро што можеш зошто никој друг нема да може да го направи тоа подобро од тебе. Тргајќи од таквото размислување никогаш не ми било тешко да најдам работа. Можеби и затоа што сум премногу амбициозна или пак, доста креативна и имам волја и упорност да работам, особено во стресни ситуации. Лично за мене тоа никогаш не претставувало проблем. Не сум тип на човек што цело време седи дома и константно се жали дека нема работа. Ако нема можности јас ги создавам. Денес Македонија има нова еуфорична атмосфера кај што се нуди можност амбициозните луѓе да создаваат свои старт-ап бизниси кои отвораат многу нови работни места што е доста интересно.

Ф: Каков е твојот социјален живот надвор од факултетот?
М: Премногу е тешко да имаш добар сон, успех и добар социјален живот. Едно од нив мора да се запостави. Мора да го жртвувам сцојот социјален живот за да ги реализирам моите амбиции. Ретко излегувам. За среќа имам пријатели кои ме разбираат и кои се исто онолку амбициозни како јас, па секогаш ја имам нивната поддршка. Горда сум што ги имам.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование