X
 09.04.2015 Технологија

Ексклузивна предпродажна кампања на Т-Мобиле за Samsung Galaxy S6 и Samsung 6 edge

Телефоните во претпродажба можат да се купат само онлајн до 17 април
Со онлајн нарачката, корисниците добиваат попуст на телефоните од 10 отсто, три месеци без месечна претплата, како и безжичен полнач



 
Т-Мобиле Македонија за своите корисници организира ексклузивна претпродажна кампања за Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge. Новиот Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge во претпродажба можат да се купат само онлајн до 17 април. Корисниците можат да ги нарачаат телефоните на www.t-mobile.mk.

Со нарачка на телефоните по електронски пат, корисниците добиваат дополнителни бенефиции: попуст на телефоните од 10 отсто, три месеци без месечна претплата, како и безжичен полнач.

Телефоните Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge се достапни во Доверба 24 за сите корисници на Play Comfort, Play Extra и Play Premium, а за бизнис корисниците со тарифните модели Business Promo L, Business Promo XL и Business Smart XXL. Корисниците ќе ги добијат нарачаните уреди после 21 април.

Новиот Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge се најтенките телефони на Samsung, изработени од најсофистицирани материјали, излеани во тенка, компактна, комплетно метална и стаклена конструкција. Galaxy S6 и Galaxy S6 edge се опремени со функција за брзо полнење на батеријата, која што овозможува гледање на видео содржини во висока резолуција дури до 2 часа. Дополнително, со можност за безжично полнење на батеријата, телефоните се подготвени за безбедно извршување на сите секојдневни обврски.

Како спој на прекрасна естетика и иновативна функционалност, уникатниот двојно заоблен раб на Galaxy S6 нуди нов начин за проверка и одговор на повици, пораки и електронска пошта, кој совршено се вклопува со сите дневни планови.

Телефоните Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 имаат предна 5-мегапикселна и задната 16-мегапикселна камера, секогаш подготвена за совршени фотографии пред сè како резултат на функцијата Optical Image Stabilisation, брзиот автофокус и поголемите леќи со f1.9 отвор, коишто покажуваат одлични резултати дури и при слаба осветленост. Камерата се вклучува исклучително брзо за само 7 секунди, при што овозможува да се фотографираат повеќе несекојдневни моменти.

Во редовна продажба телефоните Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge ќе се најдат во Телеком продавниците од 20 Април.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија