X
 10.04.2015 Образование

Германски ученик бара од државата увид во тестовите пред да ги полага

Симон Шредер (17) од Минстер има необично барање од државата. Имено, тој бара поголема слобода во поглед на тестовите.


Симон ја користи интернет-платформата „fragdenstaat.de“ (Побарај од државата) за да ги види тестовите кои треба да ги полага наскоро. Тој е средношколец. Државата има рок од еден месец за одговор, иако неговиот прв тест е на 16 април.

Тој е свесен дека нема големи шанси за позитивен одговор:

- Мислам дека нема да ми ги пратат тестовите. Веќе повторувам за секој случај. Мислев дека вреди да се проба и сакав да видам што би ми одговориле.

Досега, Министерството за образование само потврдило дека го добило барањето. Симон учи математика, физика и англиски јазик и веќе работи како програмер, а планира да студира применета информатика кога ќе се запише на факултети.

Медиумското внимание за барањето веќе му донело работна понуда.

Фондацијата „Отворено знаење“ ја основала интернет-платформата за да им помогне на граѓаните да добијат пристап до јавните информации. На интернет-страницата може да се најдат детали и секакви барања поставени од јавноста, како и одговорите од властите и коментари од други корисници.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование