X
 21.04.2015 Технологија

Сега може да се испраќаат приватни пораки на "Твитер" до секого


„Твитер“ објави повеќе клучни промени во начинот на кој функционира нивниот систем за испраќање пораки. Досега, не можевте да пишувате приватни пораки на корисник доколку не се следите меѓусебно. Ова сега се менува. Сега секој кој го подесил својот профил за новоста може да испраќа приватна порака до секого.

Изминатата година „Твитер“ претстави новост со која беше овозможено споделување твитови преку приватни пораки, но пораките можеа да се испраќаат само меѓу корисници кои меѓусебно се следат.

За да започнете да ја користите новата опција одете во „Security and privacy“ и овозможете „Receive direct messages from anyone“.

Од компанијата посочуваат дека правилата за испраќање пораки се променети за да може корисниците да добиваат пораки од лица кои не ги следат.

За да видите дали вашата опција е активна, преземете ги најновите верзии од апликацијата. Потоа ќе имате можност да видите симбол за порака кој ќе се појави на профните страници на корисниците кои го овозможиле ова.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија