X
 22.04.2015 Живот

Бизнис идејата на една Белграѓанка со која им помогнала на жените ширум светот

Беба Максимовиќ измисли производ за да може да си помогне себеси. Но, кога тој се покажал ефикасен, таа одлучила да му го понуди на светот.

 

ИДЕЈА


Таа од минатата година е сопственичка на патентот „cellulite crusher“, необични хеланки против целулит. Во овие хеланки вградени се 1.200 до 1.600 дрвени топчиња кои со секое движење го масираат телото и со тоа целулитот бавно исчезнува.

„Кога го родив второто дете, кај мене се појави проблем со целулитот. Размислував како да се ослободам од него и измислив масажа со дрвени топчиња. Бидејќи ми помогна, решив да започнам со производство. И самата сум изненадена од реакција на светските медиуми. Ние направивме скромен сајт, а започнаа да не` контактираат бројни новинари од целиот свет. Без изненадена кога ми се јавија и ми кажаа дека кинеските медиуми го пренесуваат изумот“, вели Беба.

Денес Беба им работилница во близина на Белград, а основните информации можете да ги пронајдете на официјалната веб страна.

„Ангажирав група на жени кои ги шијат овие хеланки. Нивниот дизајн е вистински предизвик, бидејќи треба да се сошие секое дрвено топче поединечно во материјалот. Материјалот за жал го увезуваме бидејќи не може да се најде на нашиот пазар. Но, иако ова производство е скапо и бара многу време, ние ги имаме најквалитетните материјали, воглавно од Италија“, вели Беба.

Беба хеланките ги извезува во многу земји вклучувајќи ја Америка, Австрија, Италија, Велика Британија, Германија, па дури и Кина.

„Мило ми е што работата започна. Нема голема заработувачка, но има доволно за да ги платам сите трошоци и на жените со кои работам да им исплатам пристојна плата. Знам дека за поголем успех треба инвестирање многу пари, но кога ќе дојде време, тогаш“, завршува таа.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот