X
 29.04.2015 Живот

На 23 и 24 Мај, 34-то традиционално планинарско искачување "Титов Врв" 2015

Движењето на Шара го зајакнува чувството за слобода,  го поттикнува поривот за истражување на  природата, за ослободување на духот.

 

Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово, на 23  и на 24 мај го организира традиционалното 34 –то искачување „Титов Врв 2015“. Планинарска манифестација, која на едно место ги обединува планинарите и планинарските друштва од Македонија и цела Европа, кои имаат иста освојувачка цел: Сите заедно да се искачат на ТитовВрв, на височина од 2747м.

Започнати се подготовките на патеката, со цел истата да биде организирана и обележана по стандардите за движење по планинарска патека. Долж истата ќе има пропратни пунктови кои ќе послужат за обезбедување, упатување, информации и давање на прва помош по потреба.

“Планинарскиот клуб „Љуботен“ –Тетово на сите љубители на планинарењето им порачува да се приклучат кон искачувањето на Титов Врв и со тоа да станат дел од традиционалната планинарска манифестација. Движењето на Шара го зајакнува чувството за слобода, го поттикнува поривот за истражување на  природата, за ослободување на духот, за да се доживее задоволство, мир и спокојство. А глетката од врвоте навистина е прекрасна, момент кој треба само да се доживее”, порачува Јован Божинoски.

Планинарските друштва во сабота, 23 мај 2015 година, ќе пристигнат на Попова Шапка. Во недела наутро, долгата планинарска колона ќе се упати кон Титов Врв. Пешачењето до највисокиот врв на Шара ќе трае околу 4 до 4.30 часа.  По кратката пауза, планинарите ќе се вратат на Попова Шапка, со што манифестацијата официјално ќе биде затворена. Поканети се бројни планинарски друштва и планинарски федерации, а оваа година се очекува Титов Врв да го искачат над 1000 планинари. Минатата година Титов Врв го искачија над 900 планинари од 44 планинарски друштва од целиот Балкан.

Настанот се организира под покровителство на ЕЛЕМ ТУРС – Скопје, а главен спонзор е ТТК Банка АД Скопје.  Деталната програма за овогодинешната манифестација може да се најде на вебстраната: www.pkljuboten.org.mk. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот