X
 06.05.2015 Спорт

Бразил конечно ги изгради стадионите за Светското првенство во фудбал (10 месеци откако заврши)

Контроверзиите околу Светското првенство во фудбал во Бразил не исчезнуваат ниту после 10 месеци по неговото одржување.


Стадионите во Бразил кои се градеа по висока цена (парично и човечки) за потребите на Светското првенство во фудбал ги полнеа медиумите пред големиот настан, а веројатно Бразилците ќе го враќаат долгот за нивната изградба уште децении.

Впрочем, никој не верува како ќе бидат вратени тие пари, но веќе станува јасно како истите би можеле да се зголемат. Два стадиони на кои се играло првенството беа завршени дури сега, и тоа „само“ 10 месеци по завршувањето на натпреварувањето. Се работи за стадионите „Itequerao“ во Сао Паоло и „Arena de Baixada“ во Куритиба.


Клубовите кои ги користат стадионите се ставени во небрано, исто така. Тие мораат да плаќаат повисоки рати за користење. Во полоша ситуација се ставени стадиони кои се ставени на продажба бидејќи не се користат од градоците или клубовите.

Незадоволството кај граѓаните е забележително и се покажува преку зголеменото насилство на улиците. Се сеќавате дека следните Олимписки игри ќе бидат одржани во Бразил? Тоа е веќе наредната година. Што ќе се случи со нив?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт