Можете да го искусите Достоевски во оригинал. Можете да го искусите Достоевски во превод. Што пак за искусување на Достоевски во вид на анимација? Ви нудиме значајни примери за неконвенционални проекти за адаптација на приказните на Достоевски.
Првата адаптација е за приказната „Сон на смешниот човек“, замислен од рускиот аниматор Александер Петров. Во анимацијата се користат внимателно рачно насликани клетки кои го носат во живот алтернативниот свет во кој нараторот се наоѓа себеси.
Втората анимација е едно од подолгите дела на Достоевски „Злосторство и казна“. Оваа анимирана верзија која трае половина час е дело на полскиот режисер Пјотр Думала дава сосема ново искуство без дијалог и со изменет проток на времето. Комплексниот и слоевит роман е соголен на неколку централни ликови и настани.