X
 08.05.2015 Настани

Регионална бизнис конференција- "Иднината на маркетингот, продажбата и потрошувачките трендови"



Со задоволство ги покануваме студентите да бидат дел од ексклузивната регионална бизнис конференција “Иднината на маркетингот, продажбата и потрошувачките трендови” со водечкиот европски маркетинг и менаџмент гуру, сериски преприемач и ментор Anders Indset која ќе се одржи на 15. Мај (петок) во Bushi Resort & Spa 5*.

Настанот претставува интензивно напредно едукативно и нетворкинг искуство, креиран по терк на водечките европски бизнис конференции, кој ќе одговори на најголемите бизнис предизвици на новата ера:

- КАКО ДО ПОМОЌЕН БРЕНД И ПОГОЛЕМА ПРОФИТАБИЛНОСТ Историски примери за градење на најпрофитабилните брендови на 21.век : Од Ганди и Викинзите до Apple, Facebook, Microsoft, IKEA, Disney и другите "скриени" шампиони
- ОСВОЈТЕ ГИ МОДЕРНИОТ КУПУВАЧ - Како да се приближите до модерниот купувач поблиску од Вашата конкуренција преку социјални медиуми и е-маркетинг?
- ИДНИНАТА НА ПРОДАЖБАТА Зошто не може да решаваме утрешни проблеми со денешна логика? Тактики и приказни на водечките компани и менаџери кои ќе го дуплираат Вашиот профит!
- ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА НОВАТА БИЗНИС ЕРА Како ќе ја придобиеме наклонетоста и лојалноста на купувачот во новата дигитална ера? Технолошките трендови променија се'- па и нашите купувачи и нивните навики.

Инвестирајте 1 ден од Вашето време и посетете го нај-тренди бизнис настанот за оваа сезона кој ги освои најпрогресивните менаџери ширум Европа! Поддржете го развојот на Вашата кариера, стекнете се со практични знаења и сертификат.

Датум на одржување: 15 Мај, петок, 09:30 -16:30 часот
Локација: х.Буши Ресорт и Спа, ул. Македонија, Скопје
Цертификати: Обезбедени за сите учесници
Симултан превод: Обезбеден

За повеќе информации и резервации слободно контактирајте не’ на 02 5201 832 или events@biznisseminari.com, или посетете не на www.BiznisSeminari.com

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани