X
 11.05.2015 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време не очекува до крајот на работната недела?



Во Македонија не очекува малку посвежо утро, со утринските температури кои ќе се движат од 5 до 15 степени.

Претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста ќе преовладува умерено облачно време. Попладне исто така постојат услови за локално понекаде да пророси, а послаби врнежи се очекуваат во делови од источна и југоисточна Македонија. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 55 км/ч.

Максималните температури од 12 до 22 степени.

Во Скопје во понеделник претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста. Постојат услови за сосема слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 12 степени, а максималната дневна до 19 степени.

Следува период на стабилизање на временските услови.

Во вторник претежно сончево, потопло и ветровито. Минималните температури од 5 до 14 степени, а максималните ќе се движат од 16 до 26 степени.

Од среда до петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и се потопло со константен пораст на температурите. Најтопло ќе биде во петок кога се очекува дневните температури ќе достигнат до 25 односно до 35 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот