X
 14.05.2015 Образование

Инспектори ќе испитуваат кoj и зошто фотографирал деца во Гостивар, Кичево и Струга

„Сликани се деца во градинки и училишта во Гостивар, Струга и Кичево без одобрение на родител и тоа групно и поединечно, плус земани се и лични податоци. Учителките што се побуниле, веднаш се замолчени со образложение дека се работело за невладина организација. Зошто и со кое право да се слика било кое дете и да се земаат податоци без знаење на родител?"



„Во Гостивар дошле некои луѓе од некаква странска организација кои спроведувале "проект" дозволен наводно од министерството за образование и наука. Ги фотографирале поединечно сите ученици и им ги зимале сите лични податоци - име презиме и датум на раѓање! И знаете што им рекле? Дека со тоа ќе имале попусти за влезници во музеи во странство!"



Ова се дел од пораките кои во форма на принтскринови кружат деновиве по социјалната мрежа Фејсбук. Загрижени родители реагираат дека без дозвола, од нивни деца додека биле во градинка или на училиште, земани им се податоци и фотографии. Тие се испаничени и стравуваат дека фотографиите и податоците може да бидат злоупотребени за киднапирање, педофилија или нешто друго.

Информации побаравме во кабинетот на министерот Адеми, но не добивме одговор на прашањата дали, кој и за какви цели фотографирал малолетници.

Се обративме и во Државниот просветен инспекторат.

- Во врска со вашето прашање, ќе извршиме инспекциски надзор и дополнително ќе ве информираме за исходот - одговорија во инспекторатот.

Додека се чека епилог, во контекст на истата тема по социјалните мрежи кружи и Меморандум за соработка, потпишан од министерот Абдулаќим Адеми и извесна фирма, со седиште во Германија. Во тој документ стои дека соработакта на потписниците се однесува на подобрување на материјалните услови за работа во училиштата во Република Макеоднија, преку донации на училишна опрема од страна на германската фирма во 13 училишта во Гостивар. Нo, никаде во документот не стои дека децата ќе се фоторафираат или ќе им се земаат податоци (а и зошто би им се земале ако станува збор за доделување донации).
Подготвил: Факултети.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование