X
 21.05.2015 Наука

Дали можете да ја решите оваа виетнамска задача за 8 годишни деца?

zadaca

 

Најновата математичка загатка доаѓа од Виетнам. Се` што треба да направите е да ги пополните празните полиња со бројки од 1 до 9 за равенката да има смисла, следејќи го редоследот на операции - прво множење, потоа делење, собирање и последно одземање.


Задачата била поставена на ученици од трето одделение во училиште во Бао Лок. Како што велат наставниците, во задачата нема комплицирана математика, туку основна аритметика.

„Проблемот е тежок дури и за возрасните добри во математика, такашто би била тешка и за ученици од 3 одделение. Задачата ја испратив и на луѓе кои имаат докторат по економија и математика, меѓутоа и тие го немаат одговорот“, вели наставникот Тран Пуонг. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука