X
 21.05.2015 Технологија

Прв поглед во црвената книга која ја добива секој вработен во "Facebook"

Бен Бери, поранешен дизајнер во „Фејсбук“, објави повеќе слики од „малата црвена книга“ на компанијата која тој ја создал додека работел таму. Овие слики ни го даваат првиот поглед во интересната книга која досега не можеше да се најде на интернет.


Што има во книгата?

Книгата е полна со мали мотивирачки изреки од историјата и културата на компанијата. Таа се остава на работната маса на секој нов вработен откако компанијата ги доби првите милијарда корисници во 2012 година.

Бери и Еверет Катигбкак ја основале аналогната истражувачка лабораторија на компанијата. Се работи за студио во близина на зградата на компанијата. Секој може да ја користи опремата на лабораторијата доколку сака да создаде нешто свое.

Кога станува збор за книгата, таа има цел да ја објасни мисијата, историјата и културата на компанијата за новите вработени.

Оригиналната „мала црвена книга“ била од Мао Ѕидонг, основачот на Комунистичката партија на Кина и во неа имало говори, изреки и дела од него.

Погледнете ги фотографиите од книгата во галеријата.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија