X
 22.05.2015 Живот

Како површината на Словенија се зголеми за 22 км2, а службените граници останаа непроменети?

slovenija

 

Иако за земјиштата со кои Словенија се оспорува со Хрватската треба да одлучува Арбитражната комисија во Хаг, сепак Словенија на своите мапи ги нацрта овие делови.


Во периодот од 1956-1991 година, оваа земја се прошири на 20.251 километри квадратни, додека денес зазема  20.273 километри квадратни, што значи дека земјата без официјално да ја промени границата, порасна за 22 квадратни километри.

Словенечките картографи во својата државна територија ги нацртаа сите спорни точки со државната гранција за кои одлука треба да донесе Арбитражната комисија, но и 5.6 квадратни километри по течението на реката Драгонија.

Словенија ги нацрта сите спорни места на границата

Со примена на статистички критериуми со помош на ортофото снимки и калкулатор на територија, може да се види каде Словенија пронашла територија од 22 квадратни киломтери. Овие дискутабилни места се по должината на границата со Хрватска.

Најпознатото, но и не најголемото спорно место е во Истра. Станува збор за земјиште јужно од реката Драгонија и каналот Св.Одорика, кој според пресметките на Хрватска има 112, а според пресметките на Словенија има 113 хектари. Словенците го сакаат цел терен за себе, за да може да се одреди гранична линија на границата на морето, во која Словенија има право на цел Пирански Залив.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот