„Уметникот“ Ричард Принц пронајде креативен начин како да заработува пари - тој зема фотографии од Инстаграм и ги продава.
Како би се почувствувале кога ќе дознаете дека фотографијата која сте ја поставиле на Инстаграм е продадена за 100 илјади долари во позната њујоршка галерија? Во галеријата „Frieze“ во Њујорк Ричард Принц постави изложба која се состои од „screenshots“ од фотографиите кои обичните луѓе ги ставаат на Инстаграм.
Инстаграм корисничката @doedeere дознала дека нејзиниот портрет стои на ѕидот во галеријата. „Не дадов никаква дозвола и контроверзниот уметник сепак ја стави сликата. Веќе е продадена за 90 илјади долари за време на VIP презентацијата“.
Принц веќе направи слична изложба во „Gagosian“ минатата недела. Таа се состоеше од „screenshots“ од постовите на познатите личности како Памела Андерсон, Скај Фереире на кои Принц додал сопствен коментар. Никаков социо-политичко-економски коментар, буквално неговиот Инстаграм коментар.
Тој редовно поставува фотографии на Инстаграм кои се всушност се фотографии од други луѓе. Дури и Џејмс Франко го бранеше од нападите на критичарите, но очигледно е дека на Принц не му пречат злобните коментари - тој и понатаму „краде“ содржина во име на уметноста.
Според Википедија, Принц е американски сликар и фотограф. Тој започнал со „рефотографирање“ во 1975 година со (ре)фотографирање на фотографијата подолу, која била продадена за 3.4 милиони долари.