X
 31.05.2015 Образование

"The Big Bang Theory" е првата серија која ќе доделува стипендии за студентите

„The Big Bang Theory“, познатата телевизиска серија за научници и инженери сака да им помогне на студентите со финансиски проблеми. За таа цел, серијата создава универзитетска стипендија со истото име за студентите на Универзитетот во Лос Анџелес, Калифорнија.


Фондацијата „Chuck Lorre family“, заедно со ѕвездите од серијата, како и продуцентите и целиот тим, „Warner Bros“ и Си-Би-Ес, како и дополнителни лидери од индустријата собраа повеќе од 4 милиони долари за стипендијата „The Big Bang Theory“ која ќе им помага на студентите по наука, технологија, инженерство и математика на кои им е потребна финансиска помош.

Меѓу останатите, свој придонес за стипендијата дале продуцентите на серијата Бил Прејди и Стивен Моларо, како и актерите Џони Галеки, Џим Парсонс, Кели Куоко-Свитинс, Сајмон Хелберг, Кунал Најар, Мајим Бијалик и Мелиса Роч.


Телевизиската серија влегува во својата деветта сезона од прикажувањето оваа есен, а истата е поврзана со универзитетот на кој ќе бидат доделувани стипендиите. Универзитетот ќе ги наградува стипендиите на студентите кои добиле место на универзитетот според оцените, но имаат потреба од финансиска помош за додипломските студии.

Првите 20 наградени студенти ќе бидат прогласени оваа есен. Секоја наредна година ќе бидат наградувани уште дополнително пет студенти.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование