X
 01.06.2015 Образование

Никогаш не се откажувајте - бездомен матурант со највисок успех во класот

Тајната за успехот не е во комбинацијата од учењето и талентот. Почесто, успешните луѓе стигнале дотаму поради упорноста и решителноста.


Грифин Фурлонг веќе е еден успешен млад човек на кој му следуваат напредоци и достигнувања иако е бездомник. Зошто знаеме дека тоа ќе биде така? Тинејџерот штотуку матурирал со највисок просек во средното училиште „Фрст Коуст“ во Џексонвил. Смртта на неговата мајка и фактот дека нема кров над главата не го спречиле да учи и да не се предава.

Грифин е сирак од своја шестгодишна возраст, а набргу по смртта на мајка станал бездомник. Со помош на стипендии добиени од успехот на училиште добивал бесплатно образование. Сега добил и стипендија која ќе му овозможи да има дом.

Приказната на Грифин е една од најинспиративните кои сме ги слушнале.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование