Се прашувате како изгледа сонцето оддалечено 3 милијарди милји?
Иако веројатно никогаш нема да имате можност да патувате до Плутон за да откриете самите себеси, НАСА ви нуди нов начин како на луѓето да им овозможи симулација како изгледа сонцето на оваа далечна џуџеста планета.
Се` што треба да направите е да внесите информации за вашата локација на веб страната на НАСА; на тој начин ќе ви каже кога да погледните на небото за да го доживеете искуството со сонцето исто како да сте на Плутон. На пример, во Њујорк, условите на светлина се слични како на Плутон во 8 часот навечер.
НАСА ги замолува луѓето од целиот свет да ги постираат нивните фотографии направени во „Плутон време“ од локациите кадешто живеат и да ги постираат со хаш таг #PlutoTime. Откако сондата наречена „New Horizons“ на НАСА ќе биде пуштена до Плутон и нејзините месечини, на 14 јули НАСА ќе создаде мозаик од џуџестата планета и неговите сателити користејќи ги фотографиите од PlutoTime.
„New Horizons“ ќе биде првото вселенско летало кое ќе има има близок поглед до Плутон и неговите месечини, со што научниците се надеваат дека ќе научат нешто повеќе за џуџестата планета од податоците собрани од вселенското летало.
Тука можете да погледнете некои од фотографиите.