X
 10.06.2015 Образование

УИНТ Св. Апостол Павле одлична шанса за фаќање приклучок со глобалните трендови во ИКТ индустријата

Професорот Предраг Спасојевиќ е научник во областа на телекомуникациите кој својата академска кариера ја започнал во родното Сараево, а денес работи како професор во Одделот за електро и компјутерско инженерство на високо рангираниот државен универзитет „Раџерс“ од Њу Џерси - САД (Rutgers, The State University of New Jersey). Во моментов проф. Спасојевиќ одржува предавања за студентите на Универзитетот за Информатички Науки и Технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Го искористивме неговиот престој во Македонија за да му поставиме неколку прашања во врска со причините за неговиот успех во академскиот свет, позицијата и перспективите на ИКТ на глобалниот пазар на труд и да побараме негов совет наменет за младите македонски студенти од областа на ИКТ.


1. Што сè е потребно за еден балканец да добие позиција на професор на еден од највисоко рангираните универзитети во светот?

- Пред сè, посветеност и љубов за изучување и истражување. Солидно искуство во науката и инженерството се само предуслов.

2. Македонското општество се бори да го зголеми бројот на студенти во науките од областа на информатиката и компјутерските технологии. Каде го гледате местото на оваа област на глобалниот пазар на труд?

- Моментално, повеќето студенти од областа аплицираат директно за работи преку интернетот и може да придонесат во помали проекти. Клучот е да се привлечат поголеми проекти за да може да бидат вработени поголем број дипломци од информатиката и компјутерските технологии. Нормален е спориот почеток, но наскоро очекувам дека ќе има сè повеќе мали стартап-компании во Македонија кои ќе служат како контакт и попристапни посредници кои ќе бидат способни за организирање и спроведување поголеми работи. На тој начин, ќе има значаен пораст.

Сепак, таквиот пораст ќе биде поддржан само доколку излегуваат доволен број квалитетни и способни дипломци кои може да останат во земјата наместо да одат надвор. Таквата цел ќе се достигне само доколку Македонија инвестира во образовната инфраструктура во информатиката и компјутерските технологии на значаен начин и на тој начин да ги искористи можностите во областа.

Универзитетот по информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ е многу солиден универзитет и студентите ги подготвува за работа со меѓународни компании на вистинскиот начин. Не само студентите, ами и македонските професории добиваат преку интеракцијата со странските професори и студенти. Меѓутоа, потребни се дополнителни ресурси за подобрување на неговото ниво и неговата големина за повеќе нивоа. Студентите кои остануваат и студентите кои заминуваат надвор од земјата остануваат во контакт и придонесуваат кон изградба на македонската ИКТ инфраструктура.

3. Што мислите за напорите на Универзитетот по информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ за водење универзитет во меѓународна околина врз основа на студентски програми инспирирани од светските водечки универзитети?

- Основната предност е удобноста во комуницирање и читање материјали на англиски јазик. Многу од студентите на универзитетот кои ги запознав го искористуваат ова уште на почетокот и не само што добиваат од односот со странските професори и студенти, туку се способни и за следење многу напредни предавање од отворени курсеви понудени од најдобрите професори преку најдобрите светски масовни отворени курсеви. Згора на тоа, многу добри учебници и други материјали сега може да се најдат на интернет.

Потоа, повеќе активни студенти стануваат активни на глобалниот ИКТ пазар преку компании кои се основаат на интернетот и ги развиваат своите програмски вештини на нивоа тешки за достигнување на најдобрите светски универзитети. На овој универзитет, студенсткиот пат кон глобализацијата е отворен многу рано.

4. Кој би бил вашиот совет за студентите по информатика и компјутерски технологии од Македонија?

- Потрудете се да ги разберете и искористите сите можности кои ви се нудат од професорите и вработените на универзитетот. Луѓето не добиваат толку многу добри можности толку често во животот. Кога човек е млад, тешко е да се ценат понудените можности. Исто така, потрудете се да го зголемите своето знаење и надвор од предавањата со искористување на глобализацијата на образованието и ИКТ индустријата.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование