X
 13.06.2015 Образование

Студент од Нигерија го собори рекордот на Универзитетот во Токио

студент

 

Уфот Еконг го собори рекордот на Универзитетот Токаи во Токио, постигнувајќи најдобри оценки во последните 50 години, но и решавајќи математичка равенка која 30 години никој не успеал да ја реши.


Сето ова го постигнал во првиот семестар на факултетот за електротехника. Еконг зборува англиски, француски, јапонски и јоруба, неговиот мајчин јазик, а исто така свири на саксофон.

За неговиот успех тој добил шест награди, а школувањето го плаќа сам, со неговата работа во „Nissan“ кадешто веќе патентирал два производи, како и произвел електричен автомобил кој достигнува 128 милји на час. 

 

2

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование