X
 16.06.2015 Технологија

Seavus Едукативниот и Развоен центар го отвара летото со бесплатна летна школа

Seavus Едукативниот и Развоен центар најавува уникатен и креативен почеток на летото преку тродневна школа под називот ,,Креативен почеток на летото,,.


Имено, во пресрет на новата академска година, на почетокот на ова лето, поточно на 22, 23, 24ти Јуни, едукативниот центар преку своите 3 академии организира бесплатни предавања, работилници, панел дискусии и менторски средби со идните дизајнери, мрежни инженери и програмери. За нив е подготвена тродневна бесплатна летна школа во која новите студенти одблизу ќе се запознаат со програмата на трите академии, со координаторите, колегите и предавачите. Во рамки на школата ќе бидат организирани и менторски средби, креативни предизвици, интересни работилници, одлични предавања и секако многу дружење и забава.

Најважниот дел од програма ќе биде предизвикот за освојување на целосна стипендија за најатрактивниот пакет на СЕДЦ – едногодишните Академии. Предизвикот кој ќе биде зададен третиот ден и на истиот ќе може да учествуваат сите учесници на летната школа. Најдобрите 3ца ќе добијат ексклузивна можност да студираат бесплатно на соодветната насока - Дизајн, програмирање или компјутерски мрежи

Seavus Едукативниот и Развоен центар веќе шеста година успешно работи на пазарот преку трите академии: дизајн, програмирање и мрежни инженери. Во својата категорија на академии преставува предводник и лидер на пазарот.

Пријавете се на ОВОЈ ЛИНК
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија