X
 17.06.2015 Живот

Отворено писмо од авторот на "Game of thrones" во кое го објаснува изобилството на смрт

igra

 

Постои широко распространето верување во некои кругови дека сум загреан и фанатик со убивањето на централните ликови во мојата серија на книги „Песна за мраз и оган“ (како и тв серијата „Game of thrones“).

 

Доказите се непобитни; на протагонистот од првата книга Едард Старк, му е отсечена главата кон крајот на книгата; неговиот син Роб и неговата сопруга Кејтлин се шокантно предадени и убиени за време на „Црвената свадба“ а Оберин Мартел е брутално убиен од Планината, после една борба.


И навистина, тоа е само едно гребење по површината - Роберт, Џофри и Стенли Баратион, волкот Лејди, Лордот Командер, Џеор Мормонт како и други помали ликови загинаа од моето пенкало. Дали некогаш постоел толку суров писател  и толку убиствен како мене?

Дозволете ми да ви поставам едно прашање - колку од вас слушнале за Вилијам Шекспир? Во случај вие неписмени идиоти да не сте запознаени, тој е најпознатиот и најдобриот автор во историјата на човештвото - човек кој ги убивал своите ликови на лудо брутални начини како да не било ништо. Сте ја прочитале некогаш Хамлет? Преживеал Хамлет? Всушност, кој од оваа книга преживува? Сите умираат - Шекспир убива повеќе ликови во три часа отколку јас во 5 книги.

Сакате да знаете колку „главни“ ликови сум убил во книгите? Два. Дури и тоа е дискутабилно. Да, ги осакатувам многу, но ретко уништувам некој кој е апсолутно во центарот на нарацијата. А Шекспир? Ајде да речеме дека „Црвената свадба“ изгледа како моминска вечер во споредба со Магбет.

А ако зборуваме за зае*ани смртни случаи, тогаш потсетете се на „Титус Андроникус“. Девојката е свлечкана во шума, брутално силувана од двајца мажи, кои потоа и` ги исекле јазикот и нејзините раце за никогаш да не може да кажи кој и` го направил тоа. Кога нејзиниот татко дознава за силувањето, тој открива кој ја силувал, ги убива, ги печи во пита, а питата и` ја дава на мајка им.

А потоа таткото ја убива сопствената ќерка (да, онаа која беше силувана) бидејќи била силувана. Е тоа е зае*ана смрт.

Кои зае*ани смртни случаи јас ги имам напишано? Смачканата глава на еден човек? И да бидеме јасни - неколку од моите смртни случаи се скоро секогаш последица од однесувањето на ликовите и нивните глупави одлуки кои ги заслепиле од гордост, чест и его.

Уште на почетокот Нед и` кажа на Серсеј дека знае за инцестот со брат и`, и дека е подобро да си замине. Плус, Шон Бин го глумеше Едард Старк. Ако мислевте дека неговата глава ќе остани закачена на неговиот врат до крајот на серијата, тогаш не сте обрнувале доволно внимание.

Роб - каде по ѓаволите да почнам со ова дете. Кршењето на сопствениот завет со најлошиот сојузник, и потоа ползејќи да се враќаш по него?

Оберин? Горделивиот Оберин кој гордо тргна во борба со најсилниот ѕвер во светот? Како може тоа да ве изненади? Бидејќи го погоди неколку пати со стапот? ДАЛИ ВИЕ ЛУЃЕ ВООПШТО СТЕ НАУЧИЛЕ НЕШТО?

Еве што е работата - смртта во моите книги не е случајна за да ве шокира вас - сите тие имаат јасна цел во рамките на драмата на приказната и тие постојат само кога е апсолутно неопходно.

За разлика од Шекспир кој е е*ен психопат.

Џорџ Р.Р.Мартин

П.С. Знаете каде има други луди смртни случаеви? Во Библијата. Сите умираат таму. Е*ната смрт умира во Библијата. Не се шегувам, погледнете. Откровение 20:14. Концептот на смрт умира во Библијата. А вие мислевте јас дека сум лош.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот