X
 17.06.2015 Култура

Внимание: Спојлери! Дали најхеројскиот лик од "Game of thrones" ќе се приклучи на армијата на мртвите?

****ВНИМАНИЕ: СПОЈЛЕРИ - Доколку ја немате гледано последната епизода од „Game of thrones“ не продолжувајте да читате!***** 

5-та сезона од „Game of thrones“ заврши пред неколку дена со неколку ножеви во стомакот на Џон Сноу, единствениот вистински херој на серијата. Како што неговата крв течеше на снегот во Црниот Замок, фановите се прашуваа: „Дали би била најлошата работа доколку зомбите победат?“

 

тронови


Беше епизода во која се случија многу работи. Станис си го доби своето поради тоа што ја даде жртва неговата ќерка и ја изгори жива - неговата жена изврши самоубиство и голем дел од неговите луѓе го напуштија. Другите луѓе кои се бореа со него беа поразени од Болтон. Остана да виси смртта на Станис затоа што во моментот кога Бриен замавна со мечот, сцената беше прекината.

Од тој момент натаму епизодата стануваше се` побезмилосна. Санса не успеа да се спаси, и продолжи да биде влечена од Рик т.е Тион. Другата Старк дама Ајра Старк, успешно го спроведе планот за одмазда, убивајќи го Сер Мерин Трант.

Во меѓувреме Серсеј призна, излажа и беше јавно омаловажена со одот на срамот, иконски и ужасен - таа продолжи да оди се` додека не стигна до палатата.

 

2


И секако, тука е Џон Сноу. Дали тој е навистина мртов? Дали може да воскресне како легендарниот Херој Азор Ахаи или пак да го воскресне Мелисандра (која случајно или не се врати во Црниот Замок). Џон Сноу познато „не знае ништо“, но Кит Харингтон кој очигледно знае повеќе од неговиот лик, тврди дека е дефинитивно мртов. Што и да се случи, ерата на моралната политика забрзано ја снемува, а магијата и хоророт демнеат на секој агол од Вестерос.

 

3


Една од поинтересните мета приказни во „Game of thrones“ е како шоуто промени од мала фантазија во висока фантазија. Со години светот беше познат како средновековна мала фантазија со интересната и позната политика и војна. Натприродното отсекогаш некако било оставено во втор план. Секако, уште во првата епизода бевме запознати со Белите Шетачи, меѓутоа како што доаѓаа новите епизоди така бевме се` повеќе заплеткани во комплексни луѓе, ривалства, војни, инцести и лаги.

Нешто фундаментално го смена светот кога Денерис седна над нејзиниот змеј. Со самата сцена, шоуто отвори нов свет на фантазија кој претходно некако го имаше оставено во позадина.

 

4


И секако, зимата доаѓа, а со неа и многу други работи. Во Вестерос, светот во фантазија, секој мит и легенда кој луѓето на Вестерос си ги раскажуваат веќе стануваат вистина. Белите Шетачи, џинот, Децата на шумата, мистичниот херој Азар Ахаи, мечот „Носач на светлина“, Дрогон и неговите браќа змејови, воскреснување на мртвите.

Не` очекува возбудлива 6-та сезона!
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура