X
 18.06.2015 Образование

Бесплатни магистерски и докторски студии за студентите од социјално-ранливите категории



Студентите од социјално-ранливите категории ќе можат бесплатно да се запишат и да завршат магистерски и докторски студии.

Владата продолжува со овој проект и им излага во пресрет на децата кои ги исполнуваат условите за втор и трет циклус студии, а не се во можност истите финансиски да си ги дозволат.

-Владата донесе одлука да го задолжи Министерството за образование и наука, при наредната промена на Законот за високо образование да се предвиди во упишувањето на втор и трет циклус, односно магистерски и докторски студии, да се предвиди во законот 10% од квотите кои се примаат на секој факултет и универзитет, да бидат бесплатни за лица кои се од социјално ранливи категории. Доколку има повеќе од 10 отсто кои конкурираат, во тој случај критериумот да биде за оние кои имаат најниски приходи односно се во најзагрозена социјална категорија, рече Груевски.

Со ова, Владата сака да излезе во пресрет на луѓето кои се со пониски примања во своето семејство, а кои имаат капацитет и ги поминуваат минималните услови за запишување на магистерски и докторски студии, да имаат можност да се запишат без плаќање на потребната партиципација, односно без плаќање на овие трошоци.

Достапно и квалитетно образование останува секогаш врвен приоритет на Владата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование