X
 18.06.2015 Образование

Дури 58.000 британски студенти ce под истрага за мамење на испити



Во изминатите четири години, повеќе од 58.000 студенти во Британија се под истрага од страна на нивните универзитети за плагијат. Дури 40.000 се веќе дисциплинирани, а 400 од нив биле протерани или исклучени од високото образование, објави неодамна „Гардијан".

Универзитетите сега се во можност полесно да детектираат плагијати и тоа преку употреба на моќни софтверски алатки, кои поединечно ги проверуваат потенцијалните плагијати, споредувајќи ги со онлајн база на академски материјал.

Томас Ланкастер, висок предавач на Бирмингем Сити Универзитетот и еден од водечките експерти во земјата за плагијати, изјавил дека случаите на "договорените мамења" биле во пораст во британската високото образование.

Постојат реклами за академска поддршка, задачи, есеи, дисертации. Во еден случај, компанија понудила да направи дисертација составена 4.000 зборови, за 480 фунти, која студентот/истражувачот може да ја предаде како свој авторски труд.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование