X
 20.06.2015 Образование

Во Норвешка децата на необразованите родители не одат на факултет и покрај тоа што е бесплатен

норвешка

 

Постои изрека кој Курт Рајс, американецот кој е претседател на третиот универзитет по големина во земјата, постојано ја кажува: „Сите седиме во еден ист брод“.


Она што значи вели Рајс е дека: „Не смее да се издвојува никој. Никој во Норвешка не го прави тоа“.

Па затоа, на сите Норвежани им е овозможена слободна школарина, без оглед на нивната припадност. Секој ученик добива надоместок за трошоци за живот.

Меѓутоа, се случува нешто чудно во Норвешка - иако школувањето е речиси целосно бесплатно, децата чиишто родителите не оделе на факултет, голема е веројатноста да не одат и самите тие на факултет.

Оваа загатка ја покажува критичката точка која е широко несфатена, според високообразовните експерти: парите не се единственото нешто што ги задржува студентите да одат на факултет.

Иако во суштина е бесплатно, само 14% од децата од помалку образовани семејства се одлучуваат да се запишат на факултет, во споредба со 58% од децата кои потекнуваат од образовани семејства.

„Ова е речиси лабораториски случај, кадешто можеме да контролираме еден фактор, воглавно цената, и да видиме што ќе се случи“, вели Рајс кој во август ќе ја преземе функцијата на претседател на Норвешкиот Универзитетски колеџ.

„Ако доаѓате од заедница кадешто секој одел на факултет, не постои никакво сомневање дека вие продолжувате на факултет. Меѓутоа ако сте пораснале во предизвикувачка заедница, кадешто никој не отишол на факултет или пак не успеал на факултет, не постои нитуедна личност која ќе се запише“, вели Џон Гомпертс, претседател и извршен директор на „America's promise alliance“, колација на организации која поттикнува млади луѓе да одат на факултет.


Норвешкиот систем елиминира некои пречки во прилог на цената. Освен за градинка, основното и средното образование се финансирани на национално ниво, но не и на локално ниво, така што, наводно постои разлика во квалитетот на образование помеѓу градовите кои имаат повисоки и пониски приходи.

Но, принципот на социјална еднаквост во Норвешка исто така значи дека не постојат програми за обезбедување на академска поддршка на студентите кои биле најдобри, или студентите со ниски приходи, иако постојат имигранти и жени во областите во кои се помалку застапени.

„Помагањето на студентите од низок социо-економски статус воопшто не се случува“, вели Ходхауген која работи на нордискиот Институт за студии за иновации, истражување и образование. „Тоа е идејата за праведно општество; исто така студентите се сметаат за возрасни“, додава таа.

Бидејќи платите остануваат високи и за работничката класа, не постои голем финансиски стимул за некои од Норвежаните да одат на факултет. Зошто да се мачат да учат кога можат да добијат за брзо време работа и да заработат добри пари работејќи како водоводџии и електричари. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование