Утрово започна летната школа на Seavus едукативниот и развоен центар под името: Креативен почеток на летото.
Интересот на идните студенти е огромен. Преку 120 нови ентузијасти за програмирање, дизајн и мрежни системи ја следат наставата и уживаат во работилниците на Seavus едукативниот и развоен центар.
Школата ќе трае 3 дена и претставува најава за академиите кои започнуваат од Септември.