X
 26.06.2015 Образование

Постдипломски студии во Москва- Руската Претседателска Академија ги отвaра вратите за студенти од Балканот

Руската Претседателска Академија за Национална Економија и Јавна Администрација (RANEPA) е најпрестижниот универзитет за менаџмент, политика, бизнис и јавна администрација во Русија. Денес, Руската Претседателска Академија претставува лидер за образование и обука на врвни менаџери за владините институции, најголемите руски коропрации и организации.


RANEPA е едниствена образовна институција под покровителство на Претседателот на Руската Федерација.

Постулатите на универзитетот се поствени далечната 1946-та година, кога е формирана Академијата за Општествени Науки при Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз, како образовна институција за врвот на партијата, за обука  на вработените во централните и регионалните партиски организации, како и универзитетски професори и истражувачи. Потоа, во 1977 година е основана Академијата за Национална Економија (ANE) и одтогаш важи за водечки универзитет за креирање и обука на врвни менаџери од областа на бизнис, економија и јавна администрација. Академијата за Национална Економија (ANE) послужи како основа и движечка сила за формирање на Руската Претседателска Академија. Руската Академија за Јавна Администрација (RAPA), како и 12 школи за регионалната државна служба спроведоа професионална обука на над 80% од раководството од врвот на политичките кругови во Русија, како и голем број на државни службеници во земјата.  Со спојувањето на ANE, RAPA и 12 други школи за обука на државни службеници, во 2010 година, се формира Руската Претседателска Академија за Национална Економија и Јавна Администрација (RANEPA) и станува најголемиот универзитет за социоекономски и хуманистички науки во Русија, заземајќи го првото место во националните рангирања на образовни институции од таков вид.

 

Фактот дека Руската Претседателска Академија е пионир во Русија за MBA програми и е прв универзитет во Русија кој добил меѓународна акредитација за своите MBA програми, зборува многу за позицијата којашто ја зазема овој реномиран универзитет.

Предавањата ги држат експерти, топ менаџери и извршни директори на најголемите руски корпорации, и познати професори од најпрестижните универзитети ширум светот.

Погледнете го официјалното видео на универзитетот:

 

Промотивен Пакет за студенти од Балканот

Одлуката да се запишете на постдипломски студии носи многу бенефиции за студентите. Не само што ќе се надградите на повисоко интелектуално ниво, добивањето магистерска титула овозможува напредување на професионален план. Руската Претседателска Академија ги отвара вратите за балкански студенти! Искористета ја оваа можност за студирање во Москва, стекнете знаење и дознајте ги тајните за успех од бројни светски експерти и професори!

RANEPA објавува: аплицакциите за академската 2015/2016 година се отворени! Лидерот за менаџмент, политика, бизнис и јавна администрација со задоволство ви го представува Промотивниот Пакет направен специјално за студенти од Балканот!
 
Интернационалните постдипломски студии траат две години и се изучуваат на англиски јазик. Руската Претседателска Академија ги нуди следниве магистерски програми:

-    Project Management
-    Change Management
-    International Business
-    Global Public Policy
-    Global Finance


Освен програмите за магистерски студии, универзитетот нуди и програма за додипломски студии, на англиски јазик:
-    Bachelor’s Program in Management in the Creative Arts

Како да аплицирате?


Најпрво, треба да пополните апликација, којашто може да ја превземете на следниов линк: http://www.ranepa.ru/eng/about-ranepa/foreign-citizens/item/download/71_87c40165cc1dcd9e6589f1d2e30abf01.html

Документи:

-    University Diploma
-    University Transcript
-    CV (in English)
-    Purpose Statement (1000-1200 words, in English)
-    Copy or Scan of the first page of Passport


Прикачете ги документите заедно со апликационата форма и аплицирајте на оваа email адреса: apply.ranepa@yandex.ru

Добивате не само титула, туку и врвно знаење. Изборот е ваш- изберете паметно! Искористете ја оваа можност и студирајте во Москва, на Руската Претседателска Академија за Национална Економија и Јавна Администрација (RANEPA). Најдобар начин да ја предвидите својата иднина е да ја креирате!

Повеќе информации на: www.ion.ranepa.ru/en/graduate/  и
фан страницата на Facebook: Russian Presidential Academy- Balkan (www.facebook.com/Russian.Presidential.Academy.Balkan).



Адреса:
Vernadsky Pr, 82
 119571, Moscow

Контакт:
Email: apply.ranepa@yandex.ru
Tel.: +7 (495) 433 25 62

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование