X
 03.07.2015 Здравје

Куба е првата земја која го елиминираше пренесувањето на ХИВ од мајката на бебето

Куба стана првата земја која успеа да го елиминира пренесувањето на вирусот ХИВ и сифилисот од мајката на бебето, објавуваат од Светската здравствена организација.


Генералниот директор на Светската здравствена организација, Маргарет Чан, изјави дека ова е „едно од најголемите достигнувања во здравјето досега“ и претставува важен чекор кон иднината без СИДА-та.

Елиминацијата на заразата доаѓа по многу тестирања вршени на бремени жени и зголеменото користење на специјални лекови како дел од регионалната иницијатива за елиминација на пренесувањето на вирусите од мајката на детето.

Се претпоставува дека секоја година, 1,4 милиони жени кои живеат со вирусот ХИВ забременуваат. Без никаков третман, постојат шанси од 15-45% вирусот да биде пренесен за време на бременоста или доењето. Со новиот третман, ризикот изнесува 1%.

Повеќе од 35 милиони возрасни и деца живат со вирусот низ светот. Заразувањето со вирусот се намалува. Во 2013 година со вирусот се заразиле 2,1 милиони луѓе, додека во 2005 бројката изнесувала 2,9 милиони луѓе.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје