X
 03.07.2015 Образование

Заврши Летната школа за електроника на ФЕИТ - Соврешен начин за практична работа со микроконтролери

Теоретско запознавање и практично искуство со вградливи микрокомпјутерски системи е придобивката за сите слушатели (студенти и средношколци) на Летната школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“, која денеска заврши на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

 

Според професор Јосиф Ќосев од Институтот за електроника при ФЕИТ и организатор на Летната школа, студентите практично имаа можност својата „замисла“ да видат како функционира во пракса.

„Драго ми е што студентите, по завршување на испитната сесија, сепак доаѓаат на Летната школа. Имаме и средношколци учесници кои сакаат да научат за оваа област. Всушност, тие имаа можност теоретски да се запознаат со микрокомпјутерските системи и практично да ја реализираат својата замисла“, објасни професор Ќосев.

Интересот за оваа школа, според Ќосев, секоја година расте. Школата се организира по петти пат и во неа, годинава, учествуваат околу педесетина учесници. Еден од нив е и студентот на втора година на Инстутот за електроника при ФЕИТ, Добромир Алексиќ.

„Ова е соврешен начин да покажеме како и колку теоретски сме го совладале материјалот на Факултет и дека знаеме да работиме со микроконтролери. Веќе се чувствувам самоуверен да почнам и со самостојни проекти“, вели Алексиќ.

 

Неговиот колега, студентот Бојан Максимовиќ потврдува дека знаењето е моќ.

„На Школата работев на проект со миркоконтролери и автомобили. Ова е мојата идна професија – електрониката, поврзана со огромната љубов кон автомобилите. Иако е лето, се разбира, има време и за одмор, но ова е одлична можност да научиме нешто повеќе. Ќе бидам побогат доколу научам нешто ново“, објаснува Максимовиќ.

Летната школа завршува со награди за најдобрите студенти во различни категории.

Тема на Летната школа се малите скирени (вградени) компјутери кои се наоѓаат во сите електронски уреди – мобилни телефони, телевизиски и радио приемници, автомобили, авиони и други летала, апарати за домаќинство, мерни уреди, медицинска опрема, роботи, играчки. Улогата на овие компјутери и уредите да ги направат „паметни“, односно удобни за користење. На оваа школа учесниците преку предавања ќе ги запознаат овие скриени миркокомпјутери и сами, преку проектна задача, ќе програмираат одредена „интелигентна“ функција.

Летната школа ја организираат Институтот за електроника при ФЕИТ и компанијата СЕАВУ. Нејзините почетоци датираат уште од 2009 година со меѓународниот проект „Embedded System Design”. Редовната програма на овој проект вклучувала одржување летни школи, а последната била одржана на ФЕИТ во Скопје во 2011 година. Поради мошне големиот интерес кај студентите, школата продолжува и по завршување на проектот. Бројот на учесници континуирано расте и годинава, има околу педесетина посетители – студенти од разни факултети од Македонија, средношколци, дипломирани инженери и магистранти. Покрај предавачи од ФЕИТ, на школата гостуваат и предавачи од други факултети, компании и институции од земјава и пошироко.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование