X
 10.07.2015 Живот

Барате работа во Шведска? Ова се професиите за кои има недостиг од кадар

Поради развиениот систем на социјална заштита, како и високиот стандард, Шведска стана една од најпопуларните земји за решавање на егзистенцијалните прашања. Ако сте меѓу оние кои би сакале среќата да ја побараат во овој дел на Скандинавскиот Полуостров ви нудиме листа на професии од кои Шведска има потреба.

 


За оваа година, Шведска одлучи да прими 105 илјади доселеници, а подолу можете да ја погледнете листата на професии од кои Шведска има потреба.

Занаетчии
Фармацевти
Акушерки
Биомедицински аналитичари
Електричари за електродистрибуција
Електроинженери и електрични техничари
Фармацевтски техничари
Физичари
Геодети
Градежни инженери и техничари
Инструктори за возење
Бродски инженери
Електро инженери
Инженери по електроника и телетехника
Инженери за географски информативни системи
Инженери за греење, водоинсталација ивентилација
Инженери за изградба
Инженери за во лабораторија
Машински инженери и инженери техничари
Механички инженери
Инженери и техничари по рударство и металургија
Испитувачи и менаџери за испитување
Ит архитекти
Комерцијалисти
Контролори на лет
Готвачи
Доктори
Лимари - лесна лимарија
Лимари - тешка лимарија
Медицински административни работници
Медицински сестри - геријатриска
Медицински сестри - хируршка
Медицински сестри - јавно здравје
Медицински сестри - општа насока
Медицински сестри - педијатрија
Медицински сестри - рендген
Медицински сестри за итна медицинска нега
Медицински сестри за психијатриска нега
Механичар на камиони
Механичар на моторни возила
Молери
Монтери за изолација
Монтери за кров
Наставници и учители во основни училишта
Наставници за естетски и практични предмети
Наставници за општи предмети во средните училишта
Наставници за предшколска возраст
Наставници за стручни предмети во средните училишта
Оператори за машини за земјоделски работи
Оператори за фармацевтско производство
Наставници за лица со посебни потреби
Педагози за слободни активности
Пекари, готвачи на пециво и слаткари
Поставувачи на подови
Подготовка и поставување на метални конструкции
Програмери на софтвер и системи
Психолози
Работници за изградба на железница и патишта
Работници на кран
Рудари
Консултанти за професионалнои студиско насочување
Сервисери на механичка опрема
Стаклари
Стоматолози
Техничари на автоматска контрола
Техничари на лет
Техничари за одржување на недвижнини
Техничари за аларми
Телекомуникациски оператори
Водоинсталери
Стоматолошки хигиеничари

Повеќе информации прочитајте на ОВОЈ ЛИНК, повеќе информации за начинот на кој можете да аплицирате за работа можете да прочитате на ОВОЈ ЛИНК
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот