Социјалните експерименти станаа омиленото маркетиншко средство, а Кока Кола со ваква реклама предизвика голема расправа на интернет.
Оваа година Кока-кола во текот на Рамазан, муслиманскиот празник кој завршува на 17 јули, на блиско-источните пазари одлучила да започне кампања против етикетирање.
Компанијата направи нови лименки кои симболизираат дека не треба да има етикетирање, туку потребни се отвореност и толеранција, а од друга страна има порака „Етикетите се за лименките, а не за луѓето“. На видеото неколку мажи, од истокот и од западот, седат во една мрачна соба.
Еден од нив е когнитивен психолог со маорски тетоважи на лицето, другиот е уреден хеви металец, додека третиот е облечен во традиционална муслиманска облека. Мажите разговараат во темницата и откриваат детали еден за друг, а дури после запалувањето на светлото тие откриваат што мислеле еден за друг.