Кога пред три месеци излезе првиот трејлер за филмот „Batman vs.Superman: Dawn of justice“ и не` воодушеви нешто многу.
Филмот беше мрачен, недоискажано и претерано драматичен. Меѓутоа благодарение на Comic-con, добивме нов увид во овој филм и повеќе не сме толку скептични.
Warner Bros на овогодишниот Comic-con ги претстави трејлерите за „Pan”, „The Man From U.N.C.L.E.” и „Suicide Squad“ кој предизвика голем интерес меѓутоа се`уште не е официјално објавен на интернет. Се чини дека сепак најголем интерес предизвика филмот „Batman vs.Superman: Dawn of justice“. Во новиот трејлер конечно дознавме дека Џеси Ајсенберг е озголасениот негативец Лекс Лутор, а видовме и дека Гал Гадот е во улога на Wonder Woman.
Но, она што е најважно е дека е откриено што предизвика конфликт меѓу Бетмен (Бен Афлек) и Супермен (Хенри Кавил). Се чини дека во големата пресметка меѓу Зод и Супермен во Метрополис, прикажана во филмот „Man of Steel“ е уништена Вејн кулата, при што настрадале некои од членовите на семејството на Брус Вејн. Поради тоа се враќа Бетмен кој е одлучен во намерата да го запре Супермен бидејќи смета дека е „вонземјанин кој е способен да ја избриши целата човечка раса“.