X
 16.07.2015 Забава

Локацијата на снимање на "Game of thrones" може да потврди една од теориите на фановите

Ако не сакате да знаете што би можело да се случи во 6-та сезона, тогаш веројатно најдобро е да не продолжите да го читате текстот.

 

1

 

Доколку постои нешто по кое се познати фановите на „Game of thrones“, тоа е дека тие сакаат да шпекулираат и измислуваат теории.


А за следните девет месеци, она за кое најмногу ќе шпекулираат е дали Џон Сноу ќе биде вратен од мртвите. Но, 9 месеци се долг временски период, па затоа дозволете ни да ви овозможиме да размислувате за нешто друго.

Претходно оваа недела HBO ги објави новите локации за снимање за 6 сезона, а една од нив беше Кастиљо де Зафра во Гвадалахара, Шпанија. Замокот од 12-от век бил изграден на врвот на карпа. Како што можете да забележите од фотографијата, околу замокот нема ништо.

 

2


За многу луѓе кои ги прочитале книгите, постои една локација која е слична како оваа на фотографијата: Кулата на радоста. За оние кои не ја прочитале книгата, кулата на радоста било местото кадешто Едард Старк ја пронашол неговата сестра Лијана во локва крв - токму тогаш тој и` дал ветување пред таа да умре.

Теоријата, позната како R+L=J вели дека крвта била поради пораѓањето на Лијана, а таткото на детето бил Принцот Регар Таргериен. Знаејќи дека секое дете кое припаѓа на Таргериен ќе биде убиено од Роберт Баратион, Нед и` ветил на Лијана дека ќе го одгледа како свое, кажувајќи им на сите (вклучувајќи ја и неговата жена) дека неговото дете е од друга жена. Детето? Детето е Џон Сноу. Половина Старк, половина Таргериен, Џон Сноу е буквално песната за мразот и огнот, или барем така вели теоријата.

Со оглед на тоа дека ова случување било пред 17 години пред настаните во серијата, заклучокот за кулата е дека ќе видиме сцени од минатото. Што би можело да значи, доколку имаме среќа, дека R+L=J ќе биде потврдена во некој дел од 6 сезона.

Но, постојат и теории кои тврдат дека замокот може да е Кастерли Рок, иако фактот дека брегот е оддалечен со километри сепак ова го негира. Но, кои други докази постојат дека станува збор за Кулата на радост?

Пред неколку недели НВО објави некои улоги за кои одржа кастинг, а една од нив беше наречена „Легендарниот борец“. Ликот е опишан како човек во 30-те или 40-те, и тој претставува „пример за витез“. Со себе носи познат меч, а актерот една недела ќе снима сцени со борба.

 

3


Кој би можел да биде овој човек? Во однос на легендарните мечувачи во модерно Вестерос, Џејми Ланистер и Баристан Селми се најдобрите, меѓутоа знаеме како изгледаат тие. Ова укажува на тоа дека ликот не се појавува во книгите или некој кој е веќе мртов, меѓутоа се појавува во ретроспективата.

Една од теориите е дека станува збор за Сер Артур Дејн, познат како „Мечот на утрото“. Дејн му служел на кралот Аерис II, а Нед Старк потврди дека тој бил најдобриот витез што некогаш го видел.

Зошто е ова важно? Погодете каде умрел Сер Артур Дејн... Да, во Кулата на радоста. Дејн бил еден од трите членови на кралската стража кои Нед и неговите шест придружници ги пронашле додека ја чувале кулата кога пристигнале да ја спасат Лијана. Нед дури и рече дека тој ќе умрел од рацете на Дејн ако не го спасеше Холанд Рид.

 

4


Најлошото сценарио би било ништо од ова да не е вистина. Кулата да е нешто сосема различно. Најдоброто сценарио: Кулата на радоста? R+L=J ќе биде потврдено. Повеќе од Шон Бин? Артур Дејн? Лијана Старк? Холанд Рид? Регер Таргериен? Џон Таргериен?

Доколку не сте ги прочитале книгите и сакате да дознате повеќе за Кулата на радоста, погледнете го видеото.

 

А доколку сакате да дознаете повеќе за кастингот на „Артур Дејн“ погледнете го видеото подолу.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава