X
 21.07.2015 Наука

НАСА ја објави првата слика од новиот сателит за набљудување на Земјата

Една камера на НАСА која се наоѓа на сателитот со обзерваторијата за набљудување на далечната вселена го испрати првиот поглед кон целосната страна од Земјата осветлена од сонцето на оддалеченост од 1,6 милиони километри од нас.


Фотографијата во боја од Земјата била направена со телескоп и камера од четири мегапиксели и била составена од три одделни слики. Камерата прави десет фотографии истовремено со повеќе различни филтри.

Сликата (односно сликите) била направена на 6 јули годинава, а на неа ги гледаме Северна и Централна Америка. Она што е интересно во врска со сликата е тоа што на неа моѓе да се видат ефектите од сончевата светлина распрскана од молекулите во воздухот.

Наскоро, НАСА ќе добива слики од овој телескоп секојдневно, со што за првпат ќе може да ги анализира дневните варијации на целата планета. Овие слики ќе бидат објавувани на интернет од септември.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука