X
 24.07.2015 Живот

Шпанија: Стапување во брак со наполнети 16 години... Како е во Македонија?

Шпанскиот парламент усвои закон со кој животната граница за добивање право за стапување во брак од досегашните 14 години се поместува на 16 години, известува агенцијата „Анадола“.


Законот бил донесен по предлози на експерти од Обединетите нации и соодветно нормите на Европската унија за заштита на правата на децата и малолетниците. На овој начин, Шпанија ги изедначи законите за правото за стапување во брак со повеќето членки на Европската унија.

Во Македонија, право на стапување во брак имаат лица кои наполниле 18 години. Според Член 16 од законот за семејство: 

„He може да склучи брак лице кое не наполнило 18 години од животот. Надлежниот суд може, во вонпроцесна постапка, да дозволи склучување на брак на лице кое наполнило 16 години од животот ако утврди дека тоа достигнало телесна и душевна зрелост потребна за вршење на правата и должностите што настануваат во бракот, а по претходно прибавено мислење од здравствена установа и укажана стручна помош во Центарот за социјална работа.“


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот