X
 03.08.2015 Култура

Трудот на илјадниците музичари се исплатеше - "Foo fighters" ќе свират во Италија

Сè започна со иницијативата на еден Италијанец кој сака да ги види „Foo fighters“ во живо на концерт. Неговиот план да собере илјадници музичари и заедно да отсвират хит од бендот за да ги убеди музичарите од бендот да свират во неговиот град ги надмина сите очекувања.



Видеото стана познато низ целиот свет, а Дејв Крол, фронтменот на „Foo fighters“ веќе следниот ден сними видео во кое ветува свирка во градот во Италија. Инаку, видеото со илјадниците музичари имаше повеќе од 15 милиони прегледи на „Ју Тјуб“.

Погледнете ја пораката од Крол.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура