Wize Mirror изгледа како обично огледало, меѓутоа во него се вградени 3D скенери, мултиспектрални камери и сензори со цел да го процени здравјето на луѓето кои се гледаат.
Софтверот за препознавање на лице бара знаци на стрес или потешкотии, додека сензорите во корисничкиот здив бара индикациина претерано пушење и употреба на алкохол. 3D скенерите го анализираат обликот на лицето за да ги воочат промените во телесната тежина, а мултиспектралните камери можат да го проценат срцевиот пулс и нивото на хемоглобинот во крвта.
После една минута, колку што е потребно огледалото да ги анализира сите потребни фактори, корисникот може да ги види резултатите, но и персонализирани совети за тоа како да го подобри своето здравје.
Wize Miror е развиен од истражувачи и индустриски партнери од седум земји на Европската Унија преку финансирање на ЕУ. Создавачите сакаат да видат кои се вообичаените здравствени проблеми кои е тешко да се третираат кога болеста веќе ќе се случи - како што се болестите на срцето и дијабетес.
На почетокот на идната година ќе започне клиничкото тестирање на овој уред во Италија и Франција. Кој знае, можеби конечно ќе го избегнеме досадното чекање во болниците и докторите.