X
 11.08.2015 Култура

53 години по нејзината смрт, ова е се` што не знаете за Мерилин Монро

Поминале повеќе од 50 години откако Мерилин Монро починала на 5 август во 1962 година. За време на нејзиниот живот, таа била икона во секоја смисла. Низ интернетот може да се најдат многу изреки од неа, но тие не ја отсликуваат целосната слика на актерката. Монро била комплицирана личност која честопати се соочувала со депреција. Следните факти ќе го променат начинот на кој размислувате за оваа жена.


Мерилин Монро била втората жена која поседувала продукциско студио.

Таа студирала книжевност и историја на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес.

Таа готвела одлично. Авторите во „The New York Times“ пишуваат дека нејзините рецепти биле одлични.

Во текот на својот живот, таа се претставувала со повеќе имиња: Норма Џин, Мона, Феј и Зелда се најпознатите.

Монро била зависник од читање.

Пред да биде откриена во 1945 година, таа работела во фабрика за оружје.

Таа никогаш не добила Оскар, но добила повеќе награди за својата убавина и во 1953 година била прогласена за најрекламирана девојка во светот.

Таа сакала животни и како дете чувала кутре, а подоцна добила подарок куче од Френк Синатра.

Монро со своето однесување успеала да го убеди режисерот Џошуа Логан дека интелигенцијата нема никаква врска со образованието.

Таа сакала музика, а била голем фан на Моцарт, Бетовен и Луј Армстронг.

Личната библиотека на Монро содржела повеќе од 400 книги.

Таа променила повеќе религии во текот на животот.

Иако нејзиното детство било тешко (пораснала со ментално нестабилна мајка и живеела во повеќе сиропиталишта), како возрасна очајно сакала да има свое дете.

Џо Димаџио го одржал својот збор и носел или испраќал рози на гробот на Монро 20 години.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура