Денеска е првиот ден од уписите на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и ќе трае во наредните денови заклучно со петок 14-ти Август.
Според објавениот конкурс, на 12 факултети и 3 академии има слободни вкупно 5390 места, од кои 3172 за редовно студирање во државна квота, 1208 за редовно студирање во квотата со кофинансирање и 1010 за вонредно студирање.
На денот на пријавување во првиот уписен рок, на кандидатите кои ќе конкурираат ќе им бидат потребни следните документи:
- пријава за запишување
- оригинални свидетелства од сите класови
- државна матура, меѓународна матура или училишна матура
- свидетелство за завршено средно образование
- извод од матична книга на родените
- доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
- потврда за уплатени :
- 300,00 денари на жиро сметка на Универзитетот за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата и уплата за административна такса од 50,00 денари
- 500,00 денари на жиро сметка на Универзитетот за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата и уплата на за административна такса од 50,00 денари.
Жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 100000000063095
Сметка на корисник 1600160330-788-18
Приходна шифра 723019
Програма 44
Oбразец ПП-50
Сите информации во врска со останатите услови за запишување на факултетите и академиите на УГД можете да ги најдете во Конкурсот, на следниот
линк.