X
 14.08.2015 Култура

Архитекти се обидуваат да го изградат Минас Тирит - градот од "Господар на прстените"

Група на архитекти од Велика Британија започнаа доста луда кампања - изградба на Минас Тирит, градот од „Господар на прстените“. Нивната цел е да соберат 2.9 милијарди долари за 48 дена.

 

grad


Досега имаат собрано околу 3.600 долари, но никогаша не се знае, можеби постојат луѓе со многу пари кои сакаат да се реализира овој проект.

Не само што градот ќе биде место за туристите да дојдат и да го видат, туку ќе биде и целосно функционален град кадешто луѓето ќе можат да живеат и да работат. Потребни им се 23.5 милиони долари за земјата, 294 милиони долари за работна рака и 218 милијарди долари за материјали.

 

1


Моменталната цел им е да изградат 645 домови - домови со една спална (625.000 долари) или луксузни пентхауси (2.7 милиони долари). Домовите ќе варираат според квалитетот од 2-5 ѕвезди во зависност од буџетот на купувачот.

 


Доколку целта на кампањата и собирањето на пари се постигне, тогаш конструкцијата на градот ќе започне до крајот на 2016 и ќе биде завршена до крајот на 2023. Тие разгледуваат две различни локации во Јужна Англија за изградба на овој луд проект.

 

2

 

Доколку не можете да се сетите колку голем беше овој град, тогаш погледнете го видеото подолу за да ви ја освежи меморијата.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура