X
 17.08.2015 Образование

Објавена е Шангајската листа на најдобри универзитети во светот

Академското рангирање на универзитетите во светот беше објавено од страна на Центарот за светски универзитети при Шангајскиот универзитет „Џао Тон“.


Ова рангирање ги претставува најдобрите 500 универзитети во светот секоја година од 2003 година врз основа на транспарентна методологија и податоци однавор. „Харвард“ останува број еден во светот 13-ти пат.

Листата на најдобри 10 универзитети изгледа:

1. „Харвард“

2. „Стенфорд“

3. Технолошки универзитет во Масачусетс

4. „Беркли“

5. Универзитет во Кембриџ

6. „Принстон“

7. „Калтек“

8. „Колумбија“

9. Универзитет во Чикаго

10. Универзитет во Оксфорд.

Кога станува збор за Балканот, на листата се најде Универзитетот во Белград, меѓу 301 и 400 место и Универзитетот во Љубљана, кој е рангиран меѓу 401 и 500 место. На листата нема ниту еден македонски универзитет.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование