X
 18.08.2015 Наука

Секој ден, 4.000 луѓе во Кина умираат од загадувањето на воздухот

Ново истражување спроведено во Кина покажува дека во земјата дневно починуваат 4.000 луѓе од загадувањето на воздухот. Еден во шест предвремени смртни случаи во најнаселената земја во светот е причинета од загадувањето.


На истражувањето работеле физичари од Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија. Тие пресметале дека во Кина секоја година умираат 1,6 милиони луѓе од проблеми со срцето, белите дробови и мозочни удари предизвикани од премногу загадениот воздух.

Во истражувањето за загадувањето се обвинуваат испуштањата од горениот јаглен за електрична енергија и греење на домовите. Водечкиот автор на истражувањето, Роберт Род изјавува дека 38% од кинеското население живее во регион во кој квалитетот на воздухот се смета за „нездрав“.


- Тоа е многу голем број. Малку е тешко да ги замислите бројките. Најлошо е југоисточно од Пекинг. - вели Род.

Загадувањето е најлошо за време на зимата во Кина поради зголемото горење јаглен за загревање на домовите, но и временските услови, кои го чуваат валканиот воздух поблизу до површината на Земјата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука