Според истражувањето направено од веб страната „GoEuro“, која рангирала различни пасоши врз основа на трошоците, бројот на работни часови потребни за да се здобијат, и колку долго документот е валиден, како и тоа за колку земји обезбедува безвизен влез.
Со сите овие факти земени во предвид, шведскиот пасош е најкорисниот пасош во светот - на Швеѓаните им обезбедува пристап до 174 земји во светот за само 40 евра (28 фунти), додека најлошиот пасош е авганистанскиот, кој овозможува пристап до само 28 земји во вредност од 97 евра. Жителите на Авганистан мораат да работат 183 часа пред да го добијат документот, во споредба со еден час работа во Шведска.
И британскиот пасош се наоѓа меѓу најкорисните пасоши во светот, и со него Британците можат да посетат 174 земји за 100 евра. Во споредба со Британија, американскиот пасош овозможува влез во ист број на земји, меѓутоа е за 20 евра поскап од британскиот.
Турскиот пасош е најскапиот во светот и изнесува 235 евра, а пасошите на Обединетите Арапски Емирати се најевтини, и чинат само 12 евра.
Кога станува збор за македонскиот пасош, со него безвизно можеме да влеземе во 106 земји, и таа е рангирана на 36-то место во светот Македонскиот пасош чини околу 35 евра, со оглед тоа што работниот час во Македонија изнесува 3.2 евра, потребни ни се 11 часа работа за да извадиме пасош. .
Линк до галеријата
.