X
 20.08.2015 Култура

Успехот на Бил Гејтс - неговата нето вредност, образование и најдобрите мисли

Бил Гејтс е легендарниот претприемач кој уште од 20-от век започнал мал бизнис во мал простор што успеал да прерасне во една од најмоќните компании во светот, менувајќи го животот на милиони луѓе и создавајќи големо богатство.

 

гејтс


Тој го создаде Microsoft, кој бил лансиран во 1975 година од соба за покер во студентскиот дом на Харвард. Од 2015 година, Microsoft е рангиран на 31-то место на листата на Fortune 500.

Ран живот и образование


Роден во Сиетл, со  татко адвокат и мајка банкар, Гејтс бил чудо од дете кое знаело да раководи со компјутерите уште на рана возраст. Во текот на тој период, мал број на деца знаеле како да приклучат компјутер. На 13 години научил како да програмира на Teletype Model 33 купен од неговото училиште. Неговата прва креација била тик-так-то игра која нудела рунди против компјутерот. Импресиониран од она што го виделе, неговите наставници започнале да го оставаат да не оди на часови за да му дадат повеќе време да ги усовршува неговите програмерски вештини во компјутерската лабораторија.

На Харвард, Гејтс продолжил да поминува поголем дел од неговото време во лабораторијата, и на крај, со благослов на неговите родители, го напуштил колеџот за да се фокусира на развивањето на нов оперативен систем.

Поддржан од рана возраст од неговите родители и наставници да верува во неговите способности и да ги искористи за да го промени светот, Гејтс успева во тоа.

Успешна приказна

Основајќи мала компанија со седиште во Албакерки, Њу Мексико, Microsoft се појави на радарот на технолошката индустрија во 1980 година кога IBM го ангажира овој бизнис да го награди нивниот персонален компјутер. Партнерството стана откочна даска за Гејтс, кој во 1985 година го искористи односот со оваа компанија за да ги модернизира своите компјутери со два оперативни системи кои ги созда - Microsoft Windows и OS/2.

Оперативниот систем на Гејтс стана конкуренција со оној на Стив Џобс и се бореа за превласт на пазарот на персонален компјутер во поголемиот дел од 80-те. До следната деценија, додека Apple се бореше поради отсуството на Џобс, кој ја напушти компанијата во 1985 година, Microsoft го разви револуционерниот оперативен систем Windows 95. Оваа надградба стана најуспешната од сите оперативни системи на Гејтс. Apple пак, продолжи да се бори се до раниот 21 век, кога охрабрена од враќањето на Џобс, компанијата ја создала линијата iMac, со што Гејтс повторно доби одржлив конкурент.

Гејтс стана познат како генијален иноватор и луциден менаџер кој не толерирал глупости и несогласувања. Тој не ги прифаќал идеите на подредените за кои сметал дека не се исплатливи, често со презир со кој го понижувал лицето кое ја добило идејата. И покрај тоа, неговите вработени го поздравувале неговиот стил на менаџирање со кој ја максимизирала ефикасноста, ја намалувал бирократијата и секогаш ја движел компанијата да оди напред

Нето вредност и моментално влијание

Од 2015 година, Гејтс се наоѓа на врвот на најбогатите луѓе на листата на Forbes, со нето вредност од 79.7 милијарди долари.

Тој би имал значително поголема нето вредност доколку не би давал толку пари за хуманитарни цели. Денес, тој е пензиониран од секојдневните активности во Microsoft, и поголемиот дел од времето го поминува водејќи ја фондацијата Бил и Мелинда Грејс, чијашто цел е да ја намали глобалната сиромаштија и да го прошири пристапот до  здравствената заштита и информациска технологија. Фондацијата има дадено повеќе од 30 милијарди за добротворни цели, а над 95% од нивниот имот е наменет за евентуална донација за добротворни цели.

Највлијателните мисли

„Во Microsoft има многу брилијантни идеи, но сликата е дека сите доаѓаат од горе - се плашам дека тоа не треба да биде така“ - Мислата открива дека сите добри идеи доаѓаат од врвот на компанијата, а Гејтс смета дека и тие подолу треба да имаат добри идеи.

„Успехот е лош учител. Ги заведува малите луѓе и ги тера да мислат дека не можат да изгубат“ - Иако тој е еден од најуспешните бизнисмени на сите времиња, Гејтс смета дека неговите неуспеси го научиле најмногу. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура