„Moo-Q“ е бесплатна апликација за iOS која е создадена од тим психолози од Британија во лабораторијата наречена „Hungry Mind Lab“ за да им помогне на луѓето да откријат во кој дел од денот се најпродуктивни и како нивното расположение може да влијае врз однесувањето и текот на работниот ден.
Апликацијата функционира на тој начин што одредува колку позитивно или негативно се чувствувате преку серија на прилагодливи слајдови. Врз основа на тоа, апликацијата ви претставува некои тестови за брзината и меморијата, кои не се толку лесни колку што изгледаат на почеток.
На почетокот, тестовите започнуваат со едноставна математика и тестирање на меморијата, но тие за брзо време напредуваат во покомплексни равенки со се` помалку време за нивно решавање.
Мора да го завршите циклусот пет пати за апликацијата да има доволно податоци да создаде ваша лична табела или шема, која ќе го прикаже вашето расположение и моќ на мозокот во корелација со одредени делови од денот.
Не е тајна дека повеќето од нас најпродуктивни се после добриот сон, меѓутоа за голем дел од луѓето ова не мора да значи.
Апликацијата е многу повеќе од само откривање на вашата продуктивност; вашите додатоци (секако, со ваша дозвола), се користат од страна на лабораторијата за истражување на когнитивното однесување на
Универзитетот Голдсмит во Лондон.