X
 25.08.2015 Живот

Неверојатен подвиг на студентка - се откажа од станот за да живее во воз

студент

 

23 годишна студентка на Универзитетот во Тибинген се откажа од нејзиниот стан во Штутгарт за да живее во воз, заштедувајќи пари и овозможувајќи да живее бурен номадски начин на живот.


Леоние Милер се обидела да балансира меѓу студирањето на универзитетот и живеењето во Штутгарт - и во југозападниот дел од земјата - посетувајќи го нејзиното момче во Келн и нејзината баба во нејзиниот роден град Белфелд во западна Германија. Таа некако успевала да пронајде време да ја посети нејзината мајка која неодамна се преселила во североисточниот дел на Берлин.

Затоа Милер одлучила да го напушти нејзиниот стан и да купи едно годишен неограничен билет за патување од железничкиот оператор „Дојче Бан“, со кој таа можела да патува кадешто сака и кога ќе сака.

Билетот чинел 340 евра месечно - значително помалку од киријата за нејзиниот стан кој чинел 400 евра месечно. Во текот на неделата студентката патува меѓу 1.200 и 2.000 километри низ целата земја.

„Колку што ни е познато, ова е единствениот случај на некој клиент толку интензивно да го користи билетот“, изјави портпаролот на „Дојче Бан“ Јирген Корнман.

„Нашиот рекламен слоган од неодамна е „времето ви припаѓа вам“ - не е исто во воз како во авион или автомобил. Одлично е тоа што една студентка реши на ваков начин да патува. Секако, тоа не значи дека ги охрабруваме сите да ги напуштат становите и да ги користат нашите возови, но секако дека ја поддржуваме Милер“, додава Јирген.

Студентката преку пишување на блог во врска со тоа какви искуства има стекнато, го привлече вниманието на медиумите  и има што да научи со оглед на тоа што е запишана на студии за медиуми.

„Отсекогаш знаев што сакам и што ми е потребно, вели таа. А за распустот таа одлучи да ги посети најдалечните делови на Германија - се разбира со воз. „Некои луѓе едноставно не ја разбираат оваа одлука“, вели таа. „Некои луѓе се чувствуваат нападнато, како да го донесувам во прашање цело нивно постоење“, вели таа.

Неодамна една жена ја прашала колку време планира на овој начин да живее од другите луѓе. Но, Милер вели дека се обидува воопшто д ане биде товар на другите луѓе, а тогаш кога ќе почувствува дека не може повеќе, ќе се откаже од овој начин на живот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот