X
 30.08.2015 Образование

Средношколскиот пленум повторно во акција - ретроспектива на она што се случи претходно

Средношколскиот пленум пред половина месец најави враќање во акција и преземање нови мерки во борбата против новите измени во законот за образование кои ги засегаат средношколците. Ветеното се исполнува. Најавен е средношколски собир на кој ќе се дебатира и дискутира за идните мерки кои ќе бидат преземени. Собирот ќе се одржи на 1 септември во 18:00 во Паркот на новинарите.


На истото место пред помалку од половина година започна кампувањето на средношколците откако протестите и маршевите не вродија плод. Средношколците бараа укинување на математиката како задолжителен предмет за екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на полагање државна матура. Тие ја имаа поддршката од многу наставници и родители, кои заедно со нив протестираа и кампуваа.

Сè започна на 6-ти април, кога за првпат беше бојкотирана наставата во некои средни училишта. Кампувањето започна на 27 април. Три недели, средношколците чекаа средба со Министерот за образование, Абдулаќим Адеми, а откако ја добија, но истата не даде позитивен резултат, средношколците продолжија со кампувањето. Беа собрани над 15.000 потписи од страна на граѓаните како поддршка на иницијативата.

Средношколците изгубија настава, а добиваа и закани, а на 15 мај одлучија да го растурат кампот и да го прекинат бојкотот на наставата.

Дали повторно треба да очекуваме кампување и бојкот на наставата? Судејќи според последната најава за средношколскиот собир на пленумците, веројатно да.

„ПОЧИТУВАНИ СРЕДНОШКОЛЦИ, РОДИТЕЛИ, ПРОФЕСОРИ, СТУДЕНТИ, ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ГРАЃАНИ.

Средношколскиот пленум повторно се враќа да ја извојува битката што ја започна претходната учебна година. Се надеваме дека министерството овој пат ќе ја сфати нашата сериозност и конечно ќе реши да соработува.

За таа цел ве повикуваме на јавен собир во Паркот на Новинари кој ќе биде проследен од алтернативни предавања, панел дискусија и уште многу други активности. Говорниците и целосната агенда ќе бидат објавени НАСКОРО!

Да им покажеме дека сме посериозни, посложни и похрабри од било кога! #ПоздравПленумци“

Настанот може да го пронајдете на „Фејсбук“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование