На меѓународната конференција за претприемништво со наслов Summer Jam Croatia која се одржа во периодот од 23-27.08.2014 година во Пакоштане - Задар, Р. Хрватска,организирана од Економскиот факултет-Сплит, Бизнис инкубаторот на Економскиот факултет-Сплит и студентската организација АIESEC Croatia, Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје го претставуваа следните 5 студенти:
Маја Ѓоршеска (Стратегиски менаџмент на човечки ресурси, 2 циклус студии)
Маријана Стевановска Чочевска (Стратегиски менаџмент на човечки ресурси, 2 циклус студии)
Кристина Караџова (Стратегиски менаџмент на човечки ресурси, 2 циклус студии)
Марко Јосимовски (департман Е-бизнис, 3 година)
Ива Петроска (департман Финансиски менаџмент, 2 година)
Тие како членови на неколку меѓународни тимови се натпреваруваа со свои бизнис идеи и на крајот повторно, како и нивните колеги од минатата година го освоија високото ПРВО и ВТОРО место на меѓународниот натпревар за најдобра бизнис идеа со што освен постигнатиот завиден успех, преку своите резултати и однесување достојно го претставија и Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и Р. Македонија.
Ова меѓународно признание е уште еден доказ за квалитетот што го продуцира Економски факултет-Скопје преку постојаните вложувања во човечките ресурси и континуираните осовременувања на наставните програми.
На конференцијата, со свои дискусии и презентации како ментори или како предавачи учествуваа голем број на професори, претприемачи, експерти и професионалци од областа на менаџментот и претприемништвото од земјата и странство.